Овој конференциски центар е резултат на долгорочното стратешко партнерство што го развивме со Националната универзитетска библиотека. Планираме истиот широко да се применува за различни видови настани кои вклучуваат презентации, промоции, работилници и семинари, учење на далечина, видео конференции и други активности за размена на знаења. Тие треба да вклучуваат различни целни групи од владиниот сектор, приватниот и невладиниот сектор и да ги вклучуваат прашањата поврзани со младите и ЕУ.
Преземете ја или разгледајте ја на интернет брошурата на конференцискиот и научен центар, ценовникот, различните можности за просторниот план и како може да го резервирате просторот:
Панорамски погледи на конференциската сала и видеоконференциското студио.
Покрај традиционалните пристапи, Конференцискиот центар нуди модерно студио за видео конференции. Видео конференцијата е форма на комуникација што интегрира видео линк и говор (преку телефонска линија). Учесниците во видео конференцијата може да се гледаат еден со друг додека разговараат. Исто така, може да ја користат технологијата да разменуваат документи, презентации и да одржат обуки.
Има многу придобивки од користењето на видео конференцијата.
 |
 |
 |
Можете да поредовно да комуницирате со луѓе во други региони или земји, кое вообичаено би било многу скапо или невозможно ако треба да патувате |
 |
 |
 |
Можете да одржувате видео конференции со многу повеќе луѓе во споредба со состанок каде што треба сите тие да присуствуваат, бидејќи секоја страна ги користи своите капацитети |
 |
 |
 |
Видео конференциската комуникација и состаноците често се доста пократки, бидејќи не е потребно да патувате. Состанок за кој би ви требале четири часа надвор од работното место (поради патот) може да ви одземе само два часа ако користите видео конференциска комуникација |
 |
 |
 |
Со видео конференцијата се заштедуваат средства бидејќи со тоа се намалуваат трошоците – нема потреба од сите тие трошоци вклучени заедно со патувањето, храна и билети. |
 |
 |
 |
Телефонскиот повик или електронската пошта не се секогаш најдобриот начин да комуницирате со друго лице. Интерактивните состаноци може да ви помогнат да генерирате идеи и да им овозможите на луѓето да го прочитаат и реагираат на односот на другите луѓе |
 |
 |
 |
Bидео конференцијата овозможува соработка преку споделување документи. Многу луѓе во различни области може да работат на ист проект и да го дадат својот придонес |
 |
 |
 |
Многу институции може едновремено да го примаат сигналот и на тој начин да се добие повисок степен на учество. На пример, предавање што се емитува за учениците во многу различни образовни институции. |
Нашата понуда за видео конференциска комуникација ви помага во следното:
 |
 |
 |
да го унапредите вашето искуство на учење и да ве поддржи со тоа што ќе ве поврзе со другите слушатели во различни географски региони |
 |
 |
 |
создава и развива корисен дијалог со институциите од Обединетото Кралство што го извезуваат образованието |
 |
 |
 |
поголема соработка со експерти од Обединетото Кралство на различни проекти |
 |
 |
 |
одржување и развој на електронски проекти |
За повеќе информации за тоа како може да ви помогне центарот и видео конференцијата, пратете e-mail на cks@nubsk.edu.mk
|