Text only Print this page |ENGLISH|МАКЕДОНСКИ|SHQIP
British Council Macedonia
Центар за конференции и студии
ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО
Нашите партнери и клиенти зборуваат за нивната соработка со нас...
Сме работеле со стотици луѓе, во многу сектори и области на интерес; создаваме врски што ќе опстојуваат и обезбедуваме врвни услуги. Ова се само дел од оние со кои сме работеле и нивните ставови во врска со нашата улога во нивниот професионален живот.
ГЕРИ ФАЈН, ГДЛН ЕЦА КООРДИНАТОР, СВЕТСКА БАНКА
Само би сакал да му изразам благодарност на секому од вас за помошта во организацијата на ИЛПЕ програмата која заврши денес. Подготовката и раководењето со седум видеоконференции со толку многу локации беше навистина херкуловска задача и ние немаше да бидеме успешни без вашата помош и посветеност!
НЕНА ТРАЈКОВСКА, ФОНДАЦИЈА „ФРИДРИХ ЕБЕРТ"
Фондацијата „Фридрих Еберт“ заедно со Институтот за демократија организираше панел-дебата за неодамна направеното истражување „Анкета за амбициите на младите во Република Македонија“, која се одржа во Центарот за конференци и студии. Со задоволство потврдуваме дека место од ваков тип е навистина неопходно. Ни понудивте работно опкружување од највисок квалитет и техничка опрема што беше потребна за ваков тип настани, а исто така изразуваме благодарност и комплименти за менаџерските способности на персоналот. Во врска со нашите професионални потреби, сигурна сум дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина и затоа го препорачувам Центарот за конференции и студии
ЉУБИЦА РУБЕН – ПРАВНА ФИРМА „МЕНС ЛЕГИС“
Во врска со семинарот за европското право за конкурентност, кој се организираше од страна на Меѓународната организација за креирање закони (ИДЛО), Владата на Италија и Светската банка, кој се одржа во Центарот за конференции и студии, со задоволство изразуваме благодарност за техничката поддршка за одржување на работилницата. Без вашиот професионализам немаше успешно да го реализираме семинарот.
НАТАЛИЈА ЕЛЕНСКАЈА КОЧОВИЌ, РЕГИОНАЛЕН ДИРЕКТОР НА „ПИРСОН ЛОНГМАН“
Во име на „Пирсон Лонгман“ се заблагодаруваме на вашата помош и поддршка при реализацијата на семинарот во вашите простории. Просторот и техничката поддршка беа соодветни, а вашето гостопримство е надвор од сите наши очекувања. Се надеваме дека ќе соработуваме во иднина и ќе одржиме многу настани заедно.
НАЈЏЕЛ КЛАРК, КОМПОЗИТОР, ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО
"Само ќе кажам дека ми беше навистина големо задоволство со она што го понудивте во Центарот. Може да се додаде дека целата идеја за предавањето ја добив по одржување на настанот! Целиот персонал беше навистина од голема помош и многу повеќе од она што се бараше."
ХРИСТО ЏИНЛЕВ, ДИПЛ. ФАРМ.
"Видеоврската што беше воспоставена преку Центарот за конференции и студии ми овозможи да го направам првиот визулен состанок со позната странска фирма, што беше многу позитивно и важно во првата фаза на комуникацијата. Потоа, со дополнителна комуникација успеав да ја постигнам својата цел и во моментот работам како комерцијален директор во компанијата. Ви благодарам за професионалната помош."
ЕЛЕНА СЕНТЕВСКА, ЦЛИЛ-ОБУКА
"Неодамна отворениот Центар за конференции и студии е во согласност со највисоките стандарди и обезбедува безбедно и удобно работно опкружување. Просторот има добар вентилациски систем, овозможува флексибилно уредување за седење и е добро осветлен."
ЗЛАТКО САМАРЏИЕВ, НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР, ГЛОБАЛЕН ФОНД ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА - ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ (ГЕФ СГП) МАКЕДОНИЈА
"Потпирајќи се на извонредниот и квалификуван партнер и исклучителните капацитети и услуги на Центарот, нашата работа беше олеснета пред и за време на презентацијата на нашата програма за македонскиот невладин сектор. Се надеваме дека набрзо повторно ќе соработуваме со вас и со Центарот."
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People