Text only  Print this page |ENGLISH|МАКЕДОНСКИ|SHQIP
British Council Macedonia
Со цел понатамошна поддршка за професионалните предавачи, воведовме месечник за англиски јазик и испитите по англиски јазик. Претплатете се да добивате корисни информации во врска со испитите во Обединетото Кралство и новините во врска со ELT. Слободно можете да ни праќате коментари и да го препратите билтенот на сите ваши колеги.
ПОЛАГАЈТЕ БРИТАНСКИ ИСПИТ

Без разлика дали сакате да учите надвор од вашата земја, да ја продлабочите вашата кариера или едноставно да го подобрите вашето познавање на англискиот јазик, можеме да ви помогнеме да се стекнете со квалификациите што ви се потребни. Британскиот совет ви нуди повеќе акредитирани испити во Обединетото Кралство.

ИСПИТИ НА КЕМБРИЏ
Без разлика дали сте студент, професионалец, работодавач или родител, можете да го процените степенот на вашето знаење по англиски јазик и да се стекнете со сертификат на Кембриџ ЕСОЛ (ESOL). Нудиме тестови на сите нивоа.
 ИЕЛТС
Ако размислувате за студирање или емигрирање надвор, системот за тестирање на англискиот јазик може да ви помогне да ги исполните критериумите за англиски јазик потребни за запишување на факултет и за добивање виза. Прочитајте повеќе.
ДРУГИ ИСПИТИ
Дали сте професионалец кој сака да се здобие со стручни или професионални квалификации или сте студент запишан на универзитет во Обединетото Кралство кој треба да полага испити? Можеме да организираме да ги полагате овие испити без да патувате до Обединетото Кралството.
 често поставувани прашања
Нудиме одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со испитите што ги спроведуваме. Прочитајте повеќе.
© Facebook
Учете во Велика Британија
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People