Text only  Print this page |ENGLISH|МАКЕДОНСКИ|SHQIP
British Council Macedonia
Полагајте британски испит
Испити на Кембриџ
ИЕЛТС (IELTS)
Други испити
Често поставувани прашања
Признавање на дипломите
Регистрирајте се на нашиот бесплатен билтен за англиски јазик и испити

© Facebook

ДРУГИ ИСПИТИ
Академски, стручни или професионални испити од Обединетото Кралство

ОБЕЗБЕДУВАМЕ НАДЗОР ЗА:

студентите што треба да полагаат испити во училиштата во Обединетото Кралство, колеџите и универзитетите;
професионалците што сакаат да се здобијат со стручни или професионални квалификации во некои професионални организации во Обединетото Кралство.

Ве советуваме како да ги искористите овие можности и директно да се регистрирате во надлежните тела во Обединетото Кралство и да одлучите кој е најдобриот курс за вас.

ШТО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ЗА ВАС?
Добиваме и чуваме материјали од универзитетите или професионалните институции и обезбедуваме простор за одржување на тестирањето со контролори за време на испитот. Потоа ги враќаме материјалите со одговорите во Обединетото Кралство преку електронска пошта. Осигуруваме почитување на сите регулативи воспоставени од образовните институции и професионалните тела.

КОЛКАВ Е НАДОМЕСТОКОТ?
Надоместокот односно локалната такса за еден испит изнесува 3500 денари. Доколку треба тестовите да се вратат назад по брза пошта, се наплаќа дополнителна такса која зависи од земјата.

Следните институции ги користат нашите услуги:

Универзитетот во Лондон
Отворениот универзитет
Универзитетот во Ворвик
Универзитетот Хериот Ват
Универзитетскиот колеџ во Кенсингтон
Универзитетот во Лимерик.

Следните професионални институции:

ACCA (Здружение на овластени сметководители)
CFA (Овластен финансиски аналитичар)
CIMA (Овластен институт за сметководители)
BBC (Британска радиодифузна компанија)

КАКО ДА КОНТАКТИРАТЕ СО НАС?
Ако сте заинтересирани ние да ги организираме испитите без разлика дали сте студент или организација, контактирајте со нас.

Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People