|
|
 |
 |
 |
Меѓународен систем за тестирање по англиски јазик  |
 |
 |
 |
ИЕЛТС, односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик, е создаден за процена на знаењето на јазикот на кандидатите што треба да учат и работат на места каде што англискиот јазик се користи за меѓусебна комуникација. ИЕЛТС тестовите се спроведуваат во акредитирани тест центри насекаде во светот – во моментот има над 300 центри во повеќе од 120 земји. ИЕЛТС е признаен од страна на универзитетите и работодавачите во многу земји, вклучително Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД. Исто така, се признава од професионалните тела, имиграциските надлежни тела и други владини агенции.
Погледајте ги подготвителните видеа за ИЕЛТС на јутјуб (Youtube) и подобрете го вашиот резултат! Во секое видео, еден успешен кандидат за ИЕЛТС (IELTS) се претставува, потоа се претставува ИЕЛТС групата, моменталната работа, пред да даде совет или идеја за учење. Овие кратки видеа се фокусираат на четири главни области од испитот.
ИЕЛТС – водечкиот тест по англиски јазик, оваа година ја слави својата дваесетгодишнина. Прочитајте ја информацијата за јавноста на англиски јазик.

 |
 |
Формат на тестот и модули |
 |
 |
ИЕЛТС ги опфаќа сите четири јазични вештини: слушање, читање, пишување и зборување и се нуди во два тест формати - академски формат и формат за општа обука. Сите кандидати ги полагаат истите модули за слушање и зборување и постои можност за избор помеѓу академските и модулите за општа обука од аспект на делот за читање и пишување.
Академската верзија е соодветна за кандидати што планираат високо образование или кои бараат професионално регистрирање. Општата обука е соодветна за кандидати што планираат неакадемска обука или работно искуство или за имиграциски цели.
|
 |
 |
Треба да се регистрирате за ИЕЛТС најмалку 5 недели пред датумот на тестирање, со поднесување на следните документи (преку пошта или лично до Британскиот совет во Скопје):
 |
 |
 |
пополнет формулар за аплицирање со две понови фотографии (со големина како за пасош, со бела позадина); |
 |
 |
 |
копија од уплатница за платен надомест за тестирањето и |
 |
 |
 |
фотокопија од личните документи кои се наведени во апликацијата (пасош и лична карта). |
Надоместот за ИЕЛТС изнесува 8300 денари (сметка на Британскиот совет: 300000001838574 во Комерцијална банка).
Ако плаќате надвор од Македонија, надоместот изнесува 145 евра нето плус провизијата на локалната банка кои се плаќаат во Комерцијална банка АД Скопје, кеј „Димитар Влахов“ бр. 4, 1000 Скопје, Македонија, KOBSMK2X, Британски совет; IBAN: MK07300701001041165
Ако доаѓате од Косово, во врска со плаќањето контактирајте со канцеларијата на Британскиот совет во Приштина.
Ќе бидете информирани за времето и местото на тестирање, преку електронска пошта или телефон, една недела пред датумот на тестирањето.
Ако се уште има место за тестирање, можете да се регистрирате за испит до пет дена пред тестот.
Пријавите не може да се преместуваат од една сесија испитување во друга идна сесија испити. Отсутните кандидати не може да бараат трансфер и враќање на средствата што ги уплатиле. Рефундирање на средствата (80% од вкупниот износ) може единствено да се одобри во медицински случај или во случај на смрт. Во двата случаи, треба да се поднесат релевантни документи во рок од пет работни дена по датумот на тестирањето.
|
 |
 |
 |
Датуми за ИЕЛТС испитите во 2009/2010 година |
 |
 |
 |
Како да се подготвите за тестот |
 |
 |
Не е неопходно да посетувате подготвителен курс за ИЕЛТС, иако, се разбира, е добра идеа темелно да се подготвите за тестот во некоја од јазичните школи. Можете самите да се подготвите со користење на материјали за самостојно учење, ИЕЛТС пакети со примероци од тестовите, заедно со ЦД. Истите се изработени според циклусот за изготвување испити на Кембриџ ЕСОЛ и истите се само подготвителни ресурси што се прифатени од сите три ИЕЛТС партнери. Тие вклучуваат целосен пробен тест со клуч со одговори, така што може да стекнете искуство за форматот на тестот и да добиете идеја за тоа на кое ниво се наоѓате. Овие материјали можете да ги купите за 750 денари, со уплата на нашата сметка: 300000001838574 во Комерцијална банка.
Други подготвителни материјали (учебници и аудио ленти) исто така, може да се позајмат од нашиот ресурсен центар, така што најпрво ќе се зачлените. Можете да го разгледате списокот со подготвителна литература за ИЕЛТС.
Можете, исто така, да го искористите делот со вежби за ИЕЛТС на интернет страницата Учете англиски јазик (Learn English Professional) на Британскиот совет, каде што се вклучени материјали за подготовка за ИЕЛТС тестот и информации во врска со активности во врска со тестот на интернет страницата за наставни ресурси на Кембриџ ЕСОЛ.
|
 |
 |
Резултатите се објавуваат на тринаесеттиот ден по датумот на тестирањето. Резултатите се објавуваат во Формулар за извештај од тестот (Ти-Ар-Еф), во кој се прикажани целокупните резултати, како и резултатите на кандидатот во секој дел од тестот. Секој кандидат ќе добие единствено еден Ти-Ар-Еф: кандидатот може лично да го подигне извештајот или истиот да му биде испратен по пошта, како што е наведено во вашата апликација. Резултатите не може да се добијат преку телефон или електронска пошта.
Кандидатите може да ги проверат своите резултати на интернет, на 13ти по денот на тестирањето, по 18.00 часот. Системот нема да прикажува резултати постари од 28 дена.
До 5 дополнителни копии од извештајот за тестот може бесплатно да се испратат институциите наведени во апликацијата. Британскиот совет го задржува правото да не испраќа дополнителни копии за примачите кои се приватни контакти.
Ако сакате дополнителни извештаи од тестот (Ти-Ар-Еф) да бидат испратени до институција, во период од две години по датумот на тестирање, треба да пополните формулар и да уплатите 400 денари на нашата банкарска сметка бр. 300000001838574 во Комерцијална банка.
Можете да ги споредите вашите ИЕЛТС резултати со степените на Јазичната рамка на советот на Европа што ги објавува Советот на Европа и со Кембриџ ЕСОЛ испитите:
| Јазична рамка на советот на Европа |
Кембриџ ЕСОЛ испит |
ИЕЛТС оцени |
| Ниво C2 |
Си-Пи-И |
7.5+ |
| Ниво C1 |
Си-Еј-И |
6.5; 7.0 |
| Ниво B2 |
Еф-Си-И |
5.0; 5.5; 6.0 |
| Ниво B1 |
Пи-И-Ти |
3.5; 4.0; 4.5 |
| Ниво A2 |
Кеј-И-Ти |
3.0 |
| Ниво A1 |
|
2.0; 1.0 |
Кандидатите може да аплицираат за резултатите од тестот во рок од шест недели по датумот на одржување на тестот. Надоместот за оваа услуга изнесува 5.500 денари, кои ќе бидат рефундирани ако се зголемени во кој било од модулите. Изготвување на Информаторот за резултатите може да трае шест недели.
|
 |
 |
ИЕЛТС е специфициран за исполнување на условите за познавање на англискиот јазик за запишување на академски студии во поголемиот број институции и високото образование во Австралија, Ирска, Нов Зеланд, Јужна Африка и Обединетото Кралство и во моментот признат е од над 380 универзитети и колеџи во САД. Исто така, се користи од многубројни професионални тела и влади ширум светот, вклучително Министерството за одбрана и Генералниот медицински совет на Обединетото Кралство, австралискиот медицински совет и австралискиот оддел за имиграција и мултикултурни односи, медицинскиот совет на Ирска, Надлежното тело за имиграција на Нов Зеланд, Комисијата за дипломци од странски медицински школи во САД и надлежното тело за државјанства и имиграција од Канада.
Дополнително, се користи за цели на анализа и упис во рамки на земјата од страна на универзитетите, деловните школи и надлежните тела во приватниот сектор во повеќе земји, вклучително Бразил, Брунеи, Бугарија, Колумбија, Кипар, Данска, Италија, Литванија, Малезија, Мјанмар, Полска, Турција и Виетнам.
Исто така можете да пребарувате на интернет страницата на ИЕЛТС за некои специфични организации што го признаваат овој испит.
|
 |
 |
Ако скате да примате дополнителни информации во врска со ИЕЛТС испитот, контактирајте со нашиот координатор за испити на:
За да добиете подетални информации за испитот ИЕЛТС можете да не посетите во нашите простории секој понеделник, среда и петок од 14 до 16 часот.
|
 |
|
 |