|
|
 |
 |
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА  |
 |
 |
 |
Без разлика дали сакате да учите надвор од вашата земја, да ја продлабочите вашата кариера или едноставно да го подобрите вашето познавање на англискиот јазик, можеме да ви помогнеме да се стекнете со квалификациите што ви се потребни. Ви нудиме низа акредитирани испити на Обединетото Кралство.
Нудиме одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со испитите што ги спроведуваме. Ако не можете да го најдете одговорот на вашето прашање тука, прочитајте низ материјалите за испитите или пратете ни прашање по електронска пошта.

Испити на Кембриџ:
 |
Не, не е неопходно да посетувате курс. Зависи од кандидатот и како тој/таа ќе се подготвува за испитот. |
 |
 |
 |
ШТО АКО СУМ БОЛЕН/БОЛНА НА ДЕНОТ НА ESOL ИСПИТОТ НА КЕМБРИЏ? |
 |
 |
50% од надоместот ќе се рефундира, под услов барањето за рефундирање да биде придружено со изјава од лекар. Оваа потврда треба да ги содржи причините зошто кандидатот не бил во можност да присуствува на испитот. Треба да ја поднесете оваа потврда не подоцна од 7 дена по испитот. |
 |
 |
 |
КАКО ДА ЗНАМ ДАЛИ СУМ ПОДГОТВЕН ДА ПОЛАГАМ ЕФ-СИ-И (ИЛИ ДРУГ ИСПИТ)? |
 |
 |
Можете да го полагате онлајн тестот по англиски јазик на веб страницата на Кембриџ на: http://www.cambridgeesol.org/testyourenglish/ (за да добиете претстава на кое ниво e вашето знаење) или на www.flo-joe.co.uk (ЕФ-СИ-И – СИ-ПИ-И – задолжително е на секој дел да освоите најмалку 65% за да увидите дали сте подготвени за полагање на тестот)
|
 |
 |
 |
КОЛКАВ Е ПЕРИОДОТ НА ВАЖНОСТ НА КЕМБРИЏ ESOL СЕРТИФИКАТОТ? |
 |
 |
Испитите за англиски јазик како сертификати за странски јазик на Универзитетот во Кембриџ се трајно важечки. |
 |
 |
 |
ДАЛИ Е ВО РЕД ДА СЕ ПОБАРА ОД ИСПИТУВАЧОТ ДА ГО ПРЕФОРМУЛИРА ПРАШАЊЕТО ВО ДЕЛОТ ЗБОРУВАЊЕ ДОКОЛКУ ПРАШАЊЕТО НЕ СЕ РАЗБЕРЕ? |
 |
 |
Не. Не можете да побарате прашањето да се преформулира, само може да замолите тоа да се повтори. Испитувачот мора да се држи до скриптата и затоа не е во состојба да преформулира ниту едно прашање.
Дозволено е да ги замолите да го повторат прашањето доколку не сте го разбрале или слушнале.
|
 |
 |
 |
ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ВРШИ ТРАНСФЕР ОД ЕДНА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО ДРУГА ИЛИ ОД ЕДНО ВО ДРУГО НИВО? |
 |
 |
Не е дозволен трансфер од еден испитен датум во друг или од едно во друго ниво. |
 |
 |
 |
ДАЛИ Е ДОЗВОЛЕНО КОРИСТЕЊЕ РЕЧНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ИСПИТОТ? |
 |
 |
Не. Секој кандидат што ќе користи или ќе се обиде да користи речник или алатка за проверка на спелинг ќе биде дисквалификуван. |
 |
 |
 |
КАКО И КОГА КАНДИДАТИТЕ ГИ ДОБИВААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСПИТОТ И НИВНИТЕ СЕРТИФИКАТИ? ШТО АКО ГО ЗАГУБАМ МОЈОТ СЕРТИФИКАТ? |
 |
 |
ESOL Потврдите за резултатите на Кембриџ се испраќаат два месеци по одржување на испитот. Кандидатите може, исто така, да ги проверат своите резултати на интернет кога истите ќе бидат објавени од Кембриџ ESOL. Сертификатите се издаваат на кандидатите што положиле во рок од 1.5 месеци од објавувањето на потврдите со резултати на официјална церемонија организирана од Британскиот совет. Ако кандидатот не може да дојде на церемонијата, сертификатот може да го земе од Британскиот совет.
Ако го загубите својот Кембриџ ESOL сертификат, можете да побарате Заверена потврда за резултатите за која треба да платите дополнителен надомест.
|
 |
 |
 |
ДАЛИ Е МОЖНО ДА ГО ПРОВЕРАМ МОЈОТ ТЕСТ И ДА ГИ ВИДАМ СВОИТЕ ГРЕШКИ? |
 |
 |
Не, бидејќи сите делови од тестот се испраќаат во Кембриџ ESOL во Обединетото Кралство. Материјалите од кандидатите и другите работи што ги вршат како дел од испитот, остануваат сопственост на Кембриџ ESOL и не се даваат на кандидатите, училиштата или центрите што ги спроведуваат испитите. |
 |
 |
 |
ДАЛИ МОРА ДА ЗАПОЧНАМ ОД НАЈНИСКОТО НИВО, СО ЦЕЛ ДА НАПРЕДУВАМ? |
 |
 |
Не, можете да се приклучите на кое било ниво од испитот кое ви одговара на вашите потреби и знаења. |
 |
 |
 |
ДАЛИ МОЖЕ СЕ УШТЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРАМ ЗА ИСПИТ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА КРАЈНИОТ РОК? |
 |
 |
Да, можете да се регистрирате и подоцна, но ќе мора да платите надомест за упис со задоцнување. |
 |
 |
 |
КАКО ЌЕ ЗНАМ КОЕ Е ВИСТИНСКОТО НИВО ЗА МЕНЕ? |
 |
 |
 |
САКАМ ДА ЖИВЕАМ И СТУДИРАМ НАДВОР ОД МОЈАТА ЗЕМЈА. КОЈ ТЕСТ МИ Е ПОТРЕБЕН? |
 |
 |
IELTS е специфициран за исполнување на условите за познавање на англискиот јазик за запишување на академски студии во поголемиот број институции и високото образование во Австралија, Ирска, Нов Зеланд, Јужна Африка и Обединетото Кралство и во моментот признат е од над 380 универзитети и колеџи во САД. Можете да пребарувате по IELTS базата на податоци на системот за глобално признавање, според институции или според бодувања.
Кембриџ ESOL испитите се признаваат од илјадници работодавачи, универзитети и колеџи, професионални тела и министерства и владини организации ширум светот. На страницата на Кембриџ ESOL. можете да најдете список на организации што ги користат Кембриџ ESOL испитите.
Ако планирате да учите, ви препорачуваме да се консултирате со вашиот универзитет за тоа кој тест ви е потребен.
|
 |
 |
 |
ДАЛИ МОЖЕТЕ ДА МИ ПРЕПОРАЧАТЕ ЈАЗИЧНО УЧИЛИШТЕ КАДЕ ШТО ЌЕ МОЖАМ ДА СЕ ПОДГОТВАМ ЗА ТЕСТОТ? |
 |
 |
Ниту едно училиште во Македонија не е официјално „признато“, „акредитирано“ или „се препорачува“ од страна на Британскиот совет. Ако сакате да посетувате курс за подготовка за еден од Кембриџ ESOL испитите или IELTS испитот, можете да најдете список јазични училишта во Македонија што вршат подготовка на кандидати за Кембриџ ESOL испити. |
 |
 |
 |
ИМАМ ФИЗИЧКА И ДРУГА ПОПРЕЧЕНОСТ. ДАЛИ СЕ УШТЕ МОЖАМ ДА ПОЛАГАМ? |
 |
 |
Ако имате посебни потреби поради дислексија, зборување, слушање или визуелни потешкотии, известете го центарот за испитување по регистрацијата, така што ќе направиме посебни усогласувања за вас. Вашето барање мора да биде придружено со медицински доказ. |
 |
 |
 |
ДАЛИ МОЖЕ ДА ГО ПРОМЕНАМ ИСПИТОТ ОТКАКО ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРАМ? ДАЛИ МОЖЕ ДА ОТКАЖАМ ТЕСТИРАЊЕ И ДА ГИ ПОВРАТАМ СРЕДСТВАТА? |
 |
 |
Датумите за писмените делови од Кембриџ ESOL испитите (FCE, CAE, CPE и BEC) – делови 1, 2 и 3 се однапред определени од Универзитетот Кембриџ. Тие се фиксни и не може да се менуваат. Датумите за деловите Слушање и Пишување за FCE, CAE, CPE и BEC ги утврдува Британскиот совет.
Можеме да прифатиме навремени барања за промени, единствено за сериозни и оправдани причини, под услов да има слободно време на датумите кога се полагаат деловите Слушање и зборување. Ако кандидатот има проблеми со датумот за делот Слушање/Зборување, тој/таа мора веднаш да го извести Британскиот совет.
|
 |
 |
 |
КАКО СЕ ОЦЕНУВААТ ИСПИТИТЕ И КОЈ ГО ВРШИ ТОА? |
 |
 |
Тим високообучени испитувачи ги оценуваат тестовите.
Писмениот дел на тестот го оценуваат испитувачи во Кембриџ, а делот Зборување го оценуваат локални испитувачи на Кембриџ ESOL. Сите испитувачи поминуваат строг процес на селекција и темелна обука. Исто така тие редовно се координираат за да осигурат дека оценувањето е според утврдените стандардите. Сите оценки се проверуваат два пати за да се елиминира можноста за грешка. Одреден процент испити се оценуваат и по трет пат од Водачот на испитувачкиот тим во Кембриџ.
|
 |
 |
 |
ДАЛИ ПОСТОИ ГОЛЕМА РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ЕФ-СИ-И, СИ-ЕЈ-И И СИ-ПИ-И? |
 |
 |
 |
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ДОЦНАМ НА ИСПИТОТ? |
 |
 |
Ако задоцните на кој било дел од испитот, јавете се кај надлежното лице за надзор или контролорот. Може нема да ви биде дозволено да го полагате испитот; ако ви дозволат, може нема да биде прифатена целата ваша работа или може ќе треба да го пополните тестот во остатокот од времето. Нема да ве примат на делот Слушање во кои било од испитите. |
 |
 |
 |
КАКВА ПОМОШ МИ Е ДОСТАПНА АКО СУМ ЛИЦЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ? |
 |
 |
Ние вршиме напори да ги услужиме и кандидатите со посебни потреби, да им овозможиме најдобро да ги разберат прашањата и задачите и да ги дадат своите одговори. Наша цел за јазичното ниво е сите кандидати правично и објективно да бидат оценети. Кандидатите со траен хендикеп, како што се проблеми со слух и вид, дислексија или проблеми со говорот; или краткотрајни потешкотии (на пример, скршена рака) може да имаат потреба од изменети испити, лица што ќе ги читаат или дополнително време. Ако ви треба модифицирана верзија на тестот, на пр. тест со Брајово писмо, треба да не известите три месеци однапред. Овој период за известување е потребен за подготовка на модифицираната верзија на тестот. Ако имате потреба од посебни административни усогласувања, на пр. дополнително време, мора да не известите шест месеци однапред. Целосни детали за ваквите усогласувања можете да најдете на интернет страницата на IELTS и ESOL. |
 |
 |
 |
КОЛКУ ДОЛГО ЈАС / МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА СЕКОЈ ОД КУРСЕВИТЕ? |
 |
 |
 |
ПОЛАГАВ ЕФ-СИ-И ВО 1977 ГОД. И СЕГА САКАМ ДА ОДАМ НА УНИВЕРЗИТЕТ НА КОЈ МИ БАРААТ ДОКАЗ ЗА ПОЗНАВАЊЕ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НИВО Б2? ДАЛИ ЌЕ МИ ВАЖИ ОВОЈ СЕРТИФИКАТ? |
 |
 |
Од веб страницата на Кембриџ: http://www.cambridgeesol.org/exams/exams-info/faqs/general.html#14
Едноставен одговор е дека штом еднаш сте положиле кој било од испитите ЕСОЛ на Кембриџ (освен ИЕЛТС), тој важи до крајот на вашиот живот. Меѓутоа, луѓето забораваат, па така и јазичните вештини може да се подзаборават. Кога работодавците и образовните институции одлучуваат дали да признаат сертификат кој е стекнат пред неколку години, тие ќе треба да земат предвид повеќе фактори, меѓу кои најважен е дали носителот на сертификатот продолжил да го користи јазикот. Барајте работодавци и образовни институции кои ги признаваат испитите ЕСОЛ на Кембриџ.
Многу универзитети го практикуваат истото правило кое важи за ИЕЛТС и ги признаваат резултатите кои не се постари од две години од датумот на издавање на сертификатот.
|
 |
 |
 |
КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ СИ-ЕЈ-И И ИЕЛТС? |
 |
 |
| СИ-ЕЈ-И |
ИЕЛТС |
| Резултатите важат доживотно |
Резултатите важат само 2 години |
| Се издава диплома доколку се положи |
Се издава формулар за извештај од тестот – а не сертификат – кој е наменет за потребите на кратката биографија (CV) |
| Се состои од 5 дела – дополнителен дел Употреба на англискиот јазик |
4 дела – тестира вештини |
| Резултатите се добиваат за околу 1½ месец |
Резултатите се добиваат за 13 дена |
| Испитните сесии се четири пати годишно - март/ мај/ јуни/ декември |
Испитните сесии се секој месец |
| Се фокусира на особено ниво, ниво Ц1, според јазичната рамка на Советот на Европа |
Опфаќа голем дел способностите & нивоата од јазичната рамка на Советот на Европа. Види http://www.cambridgeesol.org/exams/exams-info/cefr.html |
|
 |
 |
 |
ДАЛИ СМЕАМ ДА КОРИСТАМ МАРКЕР ЗА ДА ПОДВЛЕКУВАМ ЗБОРОВИ ВО ПРАШАЊАТА ЗА ВРЕМЕ НА ИСПИТОТ? |
 |
 |
Не, не смее да се користи ниту течен коректор ниту коректор со лента во кој било од испитите по англиски јазик на Кембриџ. Можете да користите маркер за подвлекување во сите делови освен во делот Пишување. Не смеете да користите маркер за подвлекување во листовите за одговори.
|
 |
 |
 |
КОЛКУ ЗБОРОВИ МОЖАМ ДА НАПИШАМ НАД НАВЕДЕНАТА ГРАНИЦА ВО СОСТАВОТ? ДАЛИ ЌЕ БИДАМ КАЗНЕТ АКО НАПИШАМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗБОРОВИ ОТКОЛКУ ШТО ТРЕБА? |
 |
 |
Дадени ви се упатства за тоа колку треба да напишете, но тоа треба да ви помогне да направите концепт за составот.
Доколку напишете значително повеќе од она што е наведено во упатството, ќе бидете казнети само доколку одговорот содржи непотребни податоци или доколку има негативно влијание врз публиката за која е наменет. Доколку напишете значително помалку од она што е наведено во упатството, но сепак ги покриете потребните аспекти на задачата, нема да бидете казнети.
Меѓутоа, треба да имате предвид дека е задолжително да докажете дека сте го постигнале соодветното ниво во Вештини за пишување и доколку напишете значително помалку од она што е наведено во упатствата, можно е да не го докажете истото.
|
 |
|
 |