Зимската школа за обука на ментори по англиски јазик е наменета за искусни наставници по англиски јазик кои ќе бидат обучени за одржување на семинари и работилници.
Обуката е наменета за наставници кои:
 |
 |
 |
имаат најмалку 8-годишно работно искуство во настава (неопходно) |
 |
 |
 |
имаат завршен Филолошки факултет – група англиски јазик – наставна насока (неопходно) |
 |
 |
 |
имаат искуство во одржување презентации/работилници за професионално усовршување на конференции/семинари/настани (пожелно) |
 |
 |
 |
имаат одлично познавање на англискиот јазик |
 |
 |
 |
имаат познавања за различните приоди/методи/стилови во наставата, и |
 |
 |
 |
се мотивирани и решителни да ја завршат обуката |
Ние се залагаме за еднакви можности за сите граѓани на Република Македонија и очекуваме пријави од сите националности.
ДОЛЖИНА НА ОБУКАТА Зимската школа за обука на ментори по англиски јазик ќе се одржи од 16 – 20 јануари 2012 година во просториите на Британски совет во Скопје од 09 до 16 часот.
Од учесниците се бара да бидат присутни на сите сесии и на крај на обуката да одржат 15-20 минутна микро-сесија.
КРАТОК ОПИС НА ОБУКАТА Обуката ќе започне со разгледување на верувањата на учесниците за тоа што е добар наставник и настава, за улогата на наставникот, знаењето и вештините кои се потребни за да се биде добар ментор/обучувач. Истата ќе овозможи наставниците да се здобијат со познавања како да го препознаваат типот на наставникот и како да му помогнат да го индентификуваат сопствениот стил на учење. Ќе се разгледуваат и обележјата на одржување на последователни сесии, ќе се истражуваат шеми на интеракција, градење односи и давање на конструктивен фидбек. Учесниците ќе се здобијат со познавања и можност да оценуваат материјали, да дефинираат цели и да оценат сесии кои ќе ги држат останатите учесници.
Обукате ќе заврши со микро-сесии кои ќе треба да ги одржат учесниците и со разгледување на она што е постигнато за време на обуката се со цел да им се даде поддршка во насока на подготовка и одржување на идни сесии.
ШТО СЕ СЛУЧУВА ПО ОБУКАТА Секој од обучувачите ќе потпише две-годишен договор со Британски совет за организација и одржување на обуки/работилници за наставници ширум Македонија. Првата обука задолжително треба да се одржи до мај 2012 година.
Уште една средба со целата група ќе се одржи во мај/јуни 2012 год со фокус на размена на првичните искуства од одржаните работилници, консолидација на групата како иден форум за меѓусебни консултации и планирање на следните активности.
СМЕСТУВАЊЕ/ПРЕВОЗ Обуката е наменета за наставници од сите делови на Македонија. Британскиот совет ќе ги покрие трошоците за сместување, храна и превоз за лицата кои живеат надвор од Скопје.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ Ако сте заинтересирани за нашата зимска школа за обука на ментори, пополнете ја пријавата и испратете ни ја на elt@britishcouncil.org.mk најдоцна до 31 декември 2011.
Само успешните кандидати ќе бидат контактирани на почеток на јануари 2012 год.
|