Text only Print this page |ENGLISH
British Council Macedonia
Ресурси на Интернет за студенти

Нудиме практични Интернет-страници што имаат можност за преземање на интерактивни вежби, тестови, примероци од тестови и многу повеќе, што ќе ви помогне да го подобрите вашето знаење по англиски јазик. Целата оваа поддршка е со цел да ви помогнеме да научите англиски јазик.

Британскиот совет не е одговорен за содржината на надворешните Интернет-страници.

РЕСУРСИ ЗА СТУДЕНТИ

Учете англиски
Оваа страница може да ви помогне да го подобрите вашиот англиски јазик преку игри, приказни, активности за слушање, видео материјали и граматички вежби.
Научете професионален англиски јазик
Страница наменета за студенти и професионалци што го користат англискиот јазик за своите студии или професии, која нуди широк опсег мултимедијални наставни материјали за англиски за инженери, економисти, итн. Ако сакате да пристапите на оваа страница, контактирајте со нас за да добиете информации за најавување.
Вежбајте го вашиот англиски јазик
Квизови за самостојно тестирање, вежби и загатки наменети за студентите по англиски јазик како втор и странски јазик. Нивоа – лесно, средно и тешко. Пробајте!
Многу работи
Забавна страница за оние што учат јазици, исполнета со тестови, зборовни игри, жаргонски изрази и многу повеќе.
Англиски за вас
Подобрете го вашето познавање на граматиката, вашето слушање, зборување, читање и пишување, преку низа вежби. Страницата, исто така нуди активности за збогатување на речникот, граматички вежби и многу повеќе.
Англиски јазик за ученици
Учениците по англиски јазик тука ќе ги пронајдат сите типови интерактивни тестови и вежби, кои опфаќаат граматика, збогатување на речникот, читање, крстозбори, бесилка и многу повеќе.
Интерактивен англиски јазик
Преку 75 интерактивни квизови, 15 форуми за дискусија, интерактивни лекции, соби за муабетење (chat room) и многу други извонредни линкови.
Подобрете ги вашите способности за слушање
Оваа страница за ЕСЛ (ESL) е создадена за студентите за ЕСЛ/ ЕФЛ (ESL/EFL) за да им помогне да ги подобрат способностите за разбирање од вежби со слушање.  
Страница за за студенти/ученици
Оваа страница ќе ви помогне да го подобрите вашиот англиски, кога и каде сакате.
Деловен англиски јазик
Страницата ќе ви помогне при пишување деловни писма, придружно писмо, биографија.
Побарајте непознат збор
Бесплатен англиски речник со дефиниции, пишување, изговор и етимологија на зборот што го барате.

ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ИСПИТИ

Поддршка од Кембриџ
Нова Интернет-страница за студентите што се подготвуваат за полагање на испитот ЕСОЛ на Кембриџ (КЕТ, ПЕТ, ФЦЕ, ЦАЕ, ЦПЕ, БЕЦ среден, итн).
Подгответе се за ФЦЕ (FCE), ЦАЕ (CAE) и ЦПЕ (CPE)
Ефективни ресурси фокусирани на испитот и самостојно учење, кои ви помагаат во учењето и проверката на знаењата, речникот и граматиката што ви требаат за секој испит по англиски јазик.  
Испити по англиски јазик
Можете да преземете копии од најпопуларните испити за ЕСЛ/ЕФЛ на Кембриџ (ФЦЕ, ЦЕА и ЦПЕ).
Обучувач за ФЦЕ (FCE)
Вежбајте користење на англискиот јазик и читање.
БЕЦ среден (BEC Vantage)
Оваа Интернет-страница ви овозможува преземање на целосниот тест за БЕЦ среден. Достапни се материјали за секој дел од тестот – едноставно одете на линковите.
Официјална Интернет-страница за ИЕЛТС (IELTS)
Ако сакате да мигрирате или да студирате или работите во земја каде што матичен јазик е англискиот, ИЕЛТС е важен дел во подготовката за вашето патување.
Испити за англиски јазик
Бесплатна Интернет-страница со пробни тестови за најважните испити од ЕСЛ/ЕФЛ: ИЕЛТС и испитите на универзитетот Кембриџ, како што се ЦАЕ, ФЦЕ, и ПЕТ.  
Подготовка за ИЕЛТС
Страница што нуди информации за тестот за ИЕЛТС и материјали за вежбање на сите ваши вештини.
Сè во врска со ИЕЛТС
Совети во врска со ИЕЛТС, совети за подготовка и примероци од тестови.

Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People