Пријавете се за нашите онлајн обуки кои започнуваат на 30 април 2012.
НОВО! Certificate in Secondary English Language Teaching 1 (CISELT 1) Оваа обука е наменета за искусни наставници/професори чие ниво на познавање на англискиот јазик е најмалку B1 и кои работат со ученици на возраст од 11 – 18 години. Обуката е поделена на модули и се базира на практична методологија и практична работа.
 |
 |
 |
Модул 1 – Getting started |
 |
 |
 |
Модул 2 – Language Awareness |
 |
 |
 |
Модул 3 – Skills |
 |
 |
 |
Модул 4 – Core Classroom Issues |
Primary Essentials е онлајн обука наменета за професионално усовршување на наставници кои предаваат англиски јазик во основните училишта и кои сакаат да ги подобрат своите вештини во предавањето на англискиот јазик. Обуката се одвива онлајн преку Мудл (Moodle) и се состои од 6 практични модули и многу видео снимки направени во училницата кои ги прикажуваат користените техники.
Погледнете го видеото од сајтот на Primary Essentials.
Оваа онлајн обука ќе ве воведе во основните аспекти на користење на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) во наставата. Ќе научите како да го користите интернетот како ресурс, како да оцените и селектирате веб страници, како да поставувате училишни проекти и многу повеќе. Обуката нуди широк спектар на практични техники за експлоатирање на ИКТ во наставата по англиски јазик преку Мудл (Moodle). Истата ќе ве поттикне на размислување и ќе ја зголеми вашата мотивација за да ја користите ИКТ во наставата.
Кратко видео со преглед на обуката.
TKT Essentials е онлајн курс кој ќе ве воведе во основните приоди кон предавање на англискиот јазик преку комуникативни методи. Обуката се темели на наставниот план и програма наменета за Тестот за предавање на Кембриџ ЕСОЛ (ТКТ). Дури и да не сте заинтересирани да го полагате тестот ТКТ, обуката ве воведува во комуникативната настава и го подобрува вашето знаење во областа на предавањето. Обуката комплетно се води онлајн преку Мудл (Moodle) и содржи форуми за дискусија, заеднички активности, екстерни линкови и материјали.
Кратко видео со преглед на обуката.
|