ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА
Обуката особено е наменета за:
 |
 |
 |
Наставници по англиски јазик кои работат со оваа возраст во државниот и приватниот сектор и кои сакаат да се усовршат во наставата |
 |
 |
 |
Наставници по англиски јазик кои имаат кратко или воопшто немаат работно искуство во настава со оваа возраст и кои сакаат да се здобијат со основите за предавање на јазикот |
 |
 |
 |
Наставници по англиски јазик со работно искуство кои сакаат да се вработат во основно училиште. |
КАКО СЕ СПРОВЕДУВА ОБУКАТА
Обуката се состои од три практични работилници кои ги води искусен ментор. Истиот ќе ви пружи поддршка за време на работилниците.
За време на обуката, учесниците ќе треба да сработат задачи поставени од менторот, да дискутираат на одредени теми со другите учесници и да се осврнат на искуствата кои произлегуваат од нивните часови.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА
Обуката ќе се спроведе во текот на април и мај, почнувајќи од 28 април 2012 во просториите на Британски совет во Скопје.
ТЕМИ
1. Предавање на ученици од 5 – 12 годишна возраст (3 - 4 часовни работилници) на следниве теми:
РАСПОРЕД
Сите сесии траат од 10 – 14 часот.
| Сесија 1 |
Сесија 2 |
Сесија 3 |
Надомест за обуката |
| 5 Мај 2012 |
26 Мај 2012 |
2 јуни 2012 |
1500 ден |
КАКО И КОГА ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ
Ако сакате да бидете дел од оваа обука, прво пополнете ја пријавата.
Потоа уплатете ги средствата на следниов начин:
Преку банка
Надоместот за обуката треба да го уплатите на жиро сметка на Британски совет (видете подолу).
Потоа испратете ни е-маил со кој ќе ја потврдите уплатата.
Жиро сметка на Британски совет:
Комерцијална банка
Жиро сметка: 300000001838574
Испратете ги вашите пријави најдоцна до 29 април 2012 год. на elt@britishcouncil.org.mk
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
 |
 |
 |
Учесниците ќе бидат селектирани според квалификациите и според редоследот на пријавување. |
 |
 |
 |
За да се одржи обуката, бројот на учесници треба да е помеѓу 15 – 20 наставници. |
 |
 |
 |
Сертификати за учество ќе бидат доделени само на учесниците кои ќе учествуваат на сите три работилници. |
|