Може да ви помогнеме да изберете од големиот број студии и квалификации во Обединетото Кралство што се достапни преку учење од далечина, вклучувајќи ГЦСЕ (GCSE), А-нивоа, шкотска диплома за завршено средно образование, додипломски студии и дипломи, магистерски студии и докторски истражувања.
Учењето од далечина ви нуди образование во Обединетото Кралство (со својот престиж и репутација) со помалку трошоци отколку за студирање на колеџ или универзитет. Повеќето од програмите се доста флексибилни и ви овозможуваат избор на темпото на работа. Барањата за влез се разликуваат во зависност од студиите, но во основа се слични на оние за конвенционалните студии.
|