УНИВЕРЗИТЕТОТ САЛФОРД – МЕЃУНАРОДНА СТИПЕНДИЈА ЗА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ Универзитетот во Салфорд со задоволство го објавува најголемиот пакет стипендии до сега за меѓународни студенти, т.е. меѓународната стипендија за талентирани студенти. Ќе се доделат неограничен број стипендии: - стипендии врз основа само на академските резултати (генерално на „еквивалентна“ основа во сооднос 2:1 во Обединетото Кралство) - 2 000 фунти за студиите со трошоци над 9 000 фунти - 1 000 фунти за студиите со трошоци под 9 000 фунти - Достапно е за сите магистерски студии што започнуваат во септември 2008 година или јануари/февруари 2009 година. - Нема потреба за одделно аплицирање. - Нема ограничување на бројот на стипендии што се доделуваат.
Студентите автоматски ќе се земат предвид врз основа на универзитетските резултати и оние кандидати што ќе се квалификуваат автоматски ќе добијат 1 000 фунти - 2 000 фунти стипендија. Стипендиите ќе се доделуваат врз основа на академски заслуги, според строги критериуми што ги дефинира универзитетот. Нема ограничување за стипендиите што се достапни и Универзитетот Салфорд очекува преку 500 постдипломски стипендии оваа година (со вредност од над 750,000 фунти).
|