|
|
 |
 |
 |
Можности за средно образование во Обединетото Кралство  |
 |
 |
Постојат голем број независни училишта во Англија, Велс, Шкотска и во Северна Ирска што прифаќаат странски ученици од сите школски возрасти. Може да ви помогнеме да го пронајдете она што е најдобро за вас преку најчесто поставуваните прашања и врските до страниците и информациите за образовниот систем во Обединетото Кралство. Доколку не пронајдовте одговор на вашето прашање, контактирајте со нас.
 |
 |
КАДЕ МОЖЕ ДА НАЈДАМ ИНФОРМАЦИИ ЗА БРИТАНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ? |
 |
 |
Образованието во Обединетото Кралство е задолжително за сите на возраст од пет до шеснаесет години. Повеќето од децата во Обединетото Кралство влегуваат во државниот образовен систем по приемот во основното училиште на возраст од пет години и вообичаено преминуваат во средно училиште на возраст од единаесет години.
Учениците мора да полагаат завршен тест (SAT). Овие тестови претставуваат независна мерка за успехот на учениците и училиштата во споредба со националните стандарди за тие предмети.
Главниот испит претставува Уверение за завршено средно образование (GCSE), кој учениците го полагаат на возраст од околу 16 години во Англија, Велс и во Северна Ирска, со сличен, но посебен систем во Шкотска.
Прочитајте повеќе на интернет страницата на Одделот за образование.
|
 |
 |
 |
КАКВИ ВИДОВИ УЧИЛИШТА ИМА ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО? |
 |
 |
Училиштата во Велика Британија се државни или приватни (приватни, независни и јавни училишта). Образованието во државните училишта е бесплатно. Приватните училишта наплаќаат школарина и најчесто бараат од своите ученици да полагаат приемен испит.
Постојат голем број независни училишта во Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска што прифаќаат странски ученици од сите школски возрасти. Независните училишта нудат повисока стапка на академски успех, со тоа што повеќето ученици по завршувањето на средното образование се запишуваат на универзитетите во Обединетото Кралство. Независниот училиштен систем во Обединетото Кралство нуди едно од најдобрите образовни искуства во светот и ќе му овозможи на вашето дете течно да го говори англискиот јазик. Тоа ќе го подготви вашето дете за успешна кариера со многу можности.
Училиштата со интернати финансирани од државата не се ништо поразлични од локалните дневни училишта, а ги финансираат локалните власти. Независните училишта со интернат наплаќаат школарина и надоместок за интернат, додека оние во државниот сектор наплаќаат само за интернат.
Видови училишта:
 |
 |
 |
шестгодишно средно училиште - нуди општо образование, околу деведесет проценти од учениците во Британија учат во овие училишта; |
 |
 |
 |
средно училиште - примаат само ученици што положиле приемен испит. Тие нудат академско образование, ги подготвуваат учениците за универзитет или за колеџ; |
 |
 |
 |
колеџи - овие училишта се отворени за сите на возраст над 16 години. Најчесто претставуваат мешавина на различни возрасни групи, од лица што го напуштиле училиштето до возрасни ученици. Некои од студиите се наменети за возрасни. |
Секое државно училиште во Англија може да стане „специјализирано училиште“ во областа на технологијата, јазиците, спортот или уметноста. Училиштата целосно ги исполнуваат барањата на националниот наставен план, но се насочени кон избраната специјалност.
|
 |
 |
 |
КОИ ПРЕДМЕТИ ГИ УЧАТ ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШТЕ? |
 |
 |
Задолжителни предмети до крајот на задолжителното образование се: математика, англиски јазик и наука. Но има и други, т.н. „основни предмети“, како што се: технологија (дизајн и технологија/информатичка технологија), историја, географија, музичко, ликовно, класични студии (каде што се учи латински јазик и неговото влијание врз развојот на останатите јазици), физичко образование и за учениците во средно училиште, странски јазик и сексуално образование. Понекогаш може да се вклучи и веронаука.
Доколку планирате да постигнете напредно ниво, слободно може да комбинирате предмети, имајќи предвид дека можеби одредени предмети ќе ви требаат за запишување на конкретни студии на универзитет. На пример, за запишување на медицински факултет, ќе ви треба хемија и два од следните: физика, математика и биологија.
|
 |
 |
 |
КАДЕ МОЖЕ ДА НАЈДАМ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАВНИТЕ ПЛАНОВИ И ИСПИТИ? |
 |
 |
ГЦСЕ (GCSE) е кратенка за Уверение за завршено средно образование. Оваа квалификација се добива со најчесто 5 до 8 предмети на возраст од 16 години, со што завршува задолжителното образование. По здобивањето со ГЦСЕ, учениците имаат различни можности за образование до возраст од 18 години.
|
 |
 |
 |
КАКВИ СТУДИИ МОЖЕ ДА ПОСЕТУВА ЛИЦЕТО НА ВОЗРАСТ МЕЃУ 16 И 18 ГОДИНИ? |
 |
 |
На оваа возраст учениците учат за А-ниво (напредно) и АЅ-ниво (напредно дополнително), како подготовка за високо образование. Исто така, постои можност за комбинирање на A- и AS-нивоата или Општи национални стручни квалификации (GNVQ) со Национални стручни квалификации (NVQ).
Општите (GNVQ) се стручни квалификации што вклучуваат повеќе практични и професионални аспекти за одредени предмети Постојат три нивоа: основно, средно и напредно. Други можности се стручните квалификации што ги нудат BTEC (Образовен совет за деловно работење и технологија) и Здруженија и еснафи (модерно стажирање).
На крај, на возраст меѓу 17 и 18 години, студентите во избраните училишта во Британија може да полагаат меѓународен бакалауреат (МБ). На Интернет- страницата на Организацијата за меѓународен бакалауреат има повеќе информации и функција за пребарување. Меѓународниот бакалауреат е прифатен како еквивалент на завршниот испит на А-нивоата на ГЦЕ (GCE). Многу земји во светот го прифаќаат како квалификација за влез во високообразовните институции.
|
 |
 |
 |
КОИ СЕ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ВЛЕЗ? |
 |
 |
Постои голема конкуренција меѓу независните училишта во Обединетото Кралство; повеќето од нив бараат полагање академски тестови за влез и повеќето од учениците го полагаат општиот испит за влез на возраст од единаесет или тринаесет години. Тоа е потешко за децата што учеле во различен образовен систем, така што странските ученици обично се тестираат за математика и англиски јазик.
|
 |
 |
Академската година вообичаено започнува во септември, така што ќе треба да аплицирате една година пред датумот на започнување. Исто така, треба да контактирате директно со вашето училиште или образовната институција за да добиете повеќе детали за апликацијата или уписниот формулар. |
 |
 |
 |
КАКО ДА ИЗБЕРАМ УЧИЛИШТЕ? |
 |
 |
 |
КАКО ДА ЗНАМ ДЕКА УЧИЛИШТЕТО Е ДОБРО? |
 |
 |
Независните училишта се скапи; годишните школарини изнесуваат од околу 3 000 до над 16 000 фунти. Овие трошоци ќе зависат и од пансионот на вашето дете (полн пансион, полупансион или сместување кај семејство во Обединетото Кралство). |
 |
 |
 |
ДАЛИ ИМА ДОСТАПНИ СТИПЕНДИИ? |
 |
 |
Доколку сакате финансирањето да ја покрива школарината за независното училиште, треба да контактирате директно со училиштето за дополнителни информации за видот достапни стипендии.
За жал, Британскиот совет нема на располагање фонд за поддршка на странски ученици што сакаат да посетуваат училиште во Обединетото Кралство.
|
 |
 |
 |
КОЈ Е НАЈДОБРИОТ ПЕРИОД ЗА СТРАНСКИ УЧЕНИК ВО ПОСЕТА ДА СЕ ЗАПИШЕ ВО БРИТАНСКО УЧИЛИШТЕ? |
 |
 |
Доколку сакате да го продолжите средното образование во Обединетото Кралство, најдобро време за странскиот ученик во посета да се запише во британско училиште е на возраст од 16 години. Тоа е период кога британските ученици почнуваат со подготовки за А-ниво.
|
 |
 |
 |
КОГА СЕ УЧИЛИШНИТЕ РАСПУСТИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО? |
 |
 |
Главниот летен распуст е во основа од средината на јули до почетокот на септември. Децата имаат и две седмици распуст за Божиќ и Велигден, како и една седмица во средината на октомври и во средината на февруари. Точните датуми ги одредуваат локалните органи за образование и истите може да се разликуваат од регион до регион.
|
 |
 |
 |
ДАЛИ МИ ТРЕБА ВИЗА ЗА ДА УЧАМ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО? |
 |
|
 |