Чивнинг – Веиденфелд стипендиите и Програмата за лидерство e програма која нуди стипендии на потенцијални лидери и млади професионалци кои сакаат да студираат на Универзитетот во Оксфорд.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР Стипендијата Чивнинг – Веиденфелд е наменета за кандидати кои:
 |
 |
 |
се пријавуваат на постдипломски студии на програмата за Јавна политика на Универзитетот во Оксфорд; |
 |
 |
 |
се жители на една од следните земји: Авганистан, Албанија, Алжир, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Египет, Македонија, Грузија, Индија, Индонезија, Иран, Ирак, Јордан, Казахстан, Косово, Киргистан, Либан, Либија, Монголија, Молдавија, Црна Гора, Мароко , Палестина, Србија, Сириска Арапска Република, Таџикистан, Тунис, Турција, Туркменистан, Украина, Узбекистан, Јемен |
КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ Стипендиите ќе се доделуваат на кандидати кои ги исполнуваат критериумите врз основа на нивните исклучителни академски достигнувања.
ШТО ПОКРИВА СТИПЕНДИЈАТА Стипендијата ги покрива сите академски трошоци и надомест за покривање на трошоците за живеење во Оксфорд за целото времетраење на постдипломските студии.
НИВО НА СТУДИИ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ШКОЛУВАЊЕТО Постдипломски студии, 12 месечна програма
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ 20 јануари 2012
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ За Чивнинг – Веиденфелд стипендиите, пријавете се преку онлајн системот на Блаватник.
Штиклирајте го делот Departmental Studentship Application во делот за Финансирање на страна 6 и внесете ‘Chevening-Weidenfeld Scholarships’.
Краен рок за пријавување е 20 јануари 2012. До 16 март 2012, кога се очекува и одлуката за доделување на стипендиите, веќе треба да имате обезбедено место на избраната програма.
ИНТЕРВЈУ Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во Оксфорд што ќе се одржи за време на викенд кон крајот на април 2012 год. Патните трошоци ќе бидат покриени.
КАКО ЌЕ ЗНАМ ДАЛИ СУМ ИЗБРАН/А? Кандидатите – добитници на стипендијата ќе бидат информирани по електронски пат до летото 2012 год.
Повеќе информации Оваа стипендија не ја администрира Британскиот совет, па ве молиме вашите прашања да не ги упатувате до нас. Повеќе информации побарајте на интернет страницата на Чивнинг – Веиденфелд стипендиите.
|