Text only  Print this page |ENGLISH|МАКЕДОНСКИ|SHQIP
British Council Macedonia
© Nancy Durrell McKenna
Регистрирајте се на нашите бесплатни електрoнски билтени
Образование
Средно образование
Додипломски студии
Постдипломски студии
Учете англиски јазик во Обединетото Кралство
Постдипломски студии
Можности во Обединетото Кралство на ниво на постдипломски студии

Постојат многу причини зошто треба да изберете постдипломски студии во Обединетото Кралство. За почеток, повеќето магистерски дипломи и магистерски по бизнис-администрација (МБА) на универзитетите во Обединетото Кралство траат една година во споредба со времетраењето од две години во повеќето други земји.

Магистерска диплома, докторат или МБА од британски универзитет ќе ви даде предност пред конкуренцијата. Тоа ќе биде доказ пред работодавачите дека сте способни за независно размислување и самодисциплина, дека сте навикнати на вршење и анализирање на сопственото истражување и дека можете да придонесете за нивната компанија или организација.

Британските постдипломски квалификации се почитувани и ценети насекаде во светот. Британските универзитети нудат широк опсег теоретски и истражувачки програми. Нашата база на податоци за често поставувани прашања ќе ви помогне да ги најдете најсоодветните студии и да одговорите на повеќето прашања што ги имате. За дополнителни информации контактирајте со нас.

СЕ ИНТЕРЕСИРАМ ЗА МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ ВО БРИТАНИЈА. КАКО ДА ДОБИЈАМ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ТОА?

Постдипломските квалификации се нудат на две нивоа во повеќето научни области: таканаречените магистерски и докторски дипломи. Докторските студии означуваат попрестижен степен на академски резултати.

Постдипломските студии порано јасно разликуваа две категории: теоретски и истражувачки програми. Денес овие категории не се толку јасно разграничени бидејќи многу студии ги вклучуваат наставните (теоретските) и истражувачките елементи.

Сертификати и дипломи

Со овие квалификации се здобивате по комплетни студиски курсеви што траат од шест до дванаесет месеци и најчесто се стручни курсеви. Студиските курсеви за сертификат се пократки и се на пониско ниво од курсевите за диплома, кои се засноваат на содржини на теоретски магистерски студии, но без писмена дисертација:

ПД Дип: диплома за постдипломски студии
ПД Серт: сертификат за постдипломски студии
ПДСО: постдипломски сертификат за образование.

Магистерски дипломи

Целосните магистерски курсеви траат помеѓу 9-12 месеци. Бројот на предавања, семинари, проекти и научни студии зависи од типот, студиите и институцијата. Студентите, на крајот од студиите, мора да поднесат дисертација. Најчестите академски титули за магистерските студии се: магистер по општествени науки и магистер по природно-математички науки:

магистер по општествени науки (MA),
магистер по природно-математички науки (MSc),
магистер по природно-математички науки (MSc),
магистер по правни науки (LLM),
магистер по образование (MEd),
магистер по стоматолошка хирургија (MDS),
магистер по хирургија (MCh/SM),
магистер по филозофија (Mphil),
магистер по истражувачки науки (Mres).

Дипломите MBA, LLM и MDS се строго стручни дипломи. Дипломите MRes се наменети како подготовка за докторати.

Докторати

Докторските студии најчесто се со времетраење од 2-4 години. Во голем степен од студентите ќе се очекува независна работа, под водство од ментор. Истражувачката дисертација најчесто се изготвува во третата година. Првите две години се наменети за истражување на темата и планирање на дисертацијата.

Најпрестижна квалификација е доктор по филозофија: PhD или Dphil. Некои институции нудат поделени докторски програми, со кои се дели времето на студии помеѓу британски и странски институции.

Нашата канцеларија во Обединетото Кралство, исто така, објавува билтен со корисни информации – Изберете ја вашата програма за постдипломски студии.

Ако сакате да разгледате специфични студии, добро место од каде што можете да започнете со пребарување е Интернет-страницата на Хобсонс за постдипломски студии. Интернет-страницата Можности е уште една сеопфатна страница за постдипломски студии.

ДАЛИ СИТЕ ДИПЛОМИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО СЕ ПРИЗНАТИ БРИТАНСКИ ДИПЛОМИ?

Обединетото кралство има заслужена светска репутација во обезбедувањето висококвалитетно и познато високо образование. Во Обединетото Кралство има преку 150 високообразовни институции што имаат дозвола за доделување различни дипломи што одговараат на повеќето образовни амбиции. Сите институции имаат надлежности за доделување дипломи, признати од надлежните тела на Обединетото Кралство (Обединетото Кралство и Шкотскиот парламент, Парламентите на Велс и на Северна Ирска). Повеќе информации можете да најдете на Интернет-страниците на Одделот за иновации, универзитети и квалификации, во делот Признати дипломи во Обединетото Кралство.

КАКО ДА ИЗБЕРАМ МАГИСТЕРСКИ/ДОКТОРСКИ СТУДИИ?

Треба да започнете со она што сакате да студирате, а потоа да побарате на Интернет-страницата Хобсонс или Можности кои универзитети го нудат тоа. Најдобрата институција е онаа што најдобро соодветствува на вашите лични цели. При изборот, има неколку работи што треба да ги земете предвид, како што се следните: каде се наоѓа универзитетот, трошоците за живеење во таа област, бројот меѓународни студенти што студираат таму, наставните методи, содржината на студиите во однос на вашите цели, капацитетите на институцијата, можностите за сместување, итн.

На следните Интернет-страници можете да се информирате како се класифицирани институциите во вашето поле на студии: Агенција за обезбедување квалитет за високо образование и Практични вежби за процена на истражувачката дејност. Исто така, корисно е да го разгледате факултетот за вашата област на релевантниот универзитет и да прочитате каква академска работа генерирале. Оттука, ќе можете да добиете слика дали нивните интереси соодветствуваат со вашите.

КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДЕН СТУДЕНТ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?

Најпрво треба да имате универзитетска диплома. Таа може да биде диплома за додипломски студии на институција во Обединетото Кралство или диплома од акредитиран македонски универзитет. Исто така, треба да имате добри оценки и да обезбедите доказ за познавањето на англиски јазик, преку јазичен тест или ако подолго време сте престојувале во земја каде што англискиот јазик е матичен јазик.

Британските институции најчесто бараат преведена копија од дипломата (некои бараат заверени преводи, некои не), како и две препораки. Некои, исто така, бараат други документи, но тоа зависи од универзитетските критериуми и на избраната област на студии.

КОИ ТЕСТОВИ ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ГИ БАРААТ УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ?

Универзитетите често бараат меѓународните кандидати да имаат положено Систем за меѓународно тестирање на англиски јазик (ИЕЛТС), или еден од испитите ЕСОЛ на Кембриџ.

Тоа се Сертификатот за напредно познавање на англискиот јазик (CAE) и Сертификатот за највисоко познавање на англискиот јазик (CPE). Важно е да контактирате со универзитетите каде што сакате да студирате и да ги прашате кои тестови ги бараат и со кои оценки, биејќи тоа варира од една до друга институција.

Повеќе информации во врска со тестовите имате на Интернет-страниците на ИЕЛТС и Кембриџ ЕСОЛ.

ДАЛИ МАКЕДОНСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЌЕ БИДАТ ПРИЗНАТИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?

Конечната одлука за признавање на квалификациите зависи од работодавачите или универзитетте. За процена на вашите македонски квалификации, контактирајте со Националниот информативен центар за академско признавање:

UK NARIC, ECCTIS Ltd.,
Oriel House
Oriel Road
Cheltenham
Gloucestershire GL50 1XP
United Kingdom
T: 0044-1242-258610
F: 0044-1242-258611
naric@ecctis.co.uk

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?
Не постои централен систем или организација за аплицирање за постдипломските студии, како што е тоа уредено со додипломските студии. Затоа треба да контактирате со секој универзитет за да добиете формулар за аплицирање за постдипломски студии. Не постои стандарден формулар за апликација, но секој универзитет вообичаено одвојува простор за индивидуална академска евиденција, работно искуство, лична изјава, како и една до две препораки.
КОГА ТРЕБА ДА АПЛИЦИРАМ ЗА МЕСТО ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?
Академската година во Обединетото Кралство почнува во септември/октомври. Универзитетите вообичаено започнуваат да ги примаат пријавите околу ноември претходната година. Предлагаме да проверите кај универзитетот за кој сте заинтересирани за да дознаете какви рокови нудат, бидејќи истите варираат од институција до институција. Курсевите за истражување и докторските програми може да прифатат студенти во различни периоди од годината.
ШТО МИ ТРЕБА ДА БИДАМ ПРИМЕН ЗА СТУДИИ по МБА?

Треба да ги исполните истите услови за влез што важат за другите постдипломски студии. Дополнително, ви треба две до пет години работно искуство во релевантно поле и раководна позиција. Образование во Обединетото Кралство и Тимот за обука изготвуваат билтен со информации за типовите студии за МБА што се достапни, како и општите услови за прием што може да ви користат.

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ?

Вашите трошоци се категоризираат во два дела: школарина и трошоци за живот.

Меѓународните студенти надвор од ЕУ имаат значително повисоки трошоци.

Теоретски постдипломски ( на пр. MA, MSc) од под до малку над просечен надомест (годишно)
студии што се одвиваат во училница 7,100 фунти 12,100 фунти 7,900 фунти
студии во лаборатории/работилници 7,900 фунти 13,500 фунти 8,400 фунти
претклинички програми 10,300 фунти 14,600 фунти 10,800 фунти
клиничка медицина 3,000 фунти 23,100 фунти 19,500 фунти
клиничка стоматологија 15,200 фунти 25,100 фунти 19,500 фунти
МБА 8,200 фунти 23,100 фунти 9,500 фунти
Постдипломски истражувања (на пр. докторат) од под до малку над просечен надомест (годишно)
студии што се одвиваат во училница 7,200 фунти 10,800 фунти 7,900 фунти
студии во лаборатории/работилници 7,700 фунти 12,700 фунти 8,500 фунти
претклинички програми 9,100 фунти 14,200 фунти 11,000 фунти
клиничка медицина 13,400 фунти 24,100 фунти 19,600 фунти
клиничка стоматологија 12,300 фунти 22,500 фунти 19,500 фунти

Трошоци за живот

На повеќето студенти во Обединетото Кралство им требаат 700 фунти месечно за живот (повеќе ако се во Лондон). Тука е вклучено сместување, храна, облека и основни трошоци за живот.

Ако сте граѓанин на ЕУ, плаќате намалени трошоци за живот. Со цел да се квалификувате за надомест за домашните трошоци, треба да сте постојан жител на Европската економска област три години пред почетокот на вашите студии. Интернет-страницата на УКЦИСА содржи повеќе информации за прецизните упатства.

КАДЕ ЌЕ ЖИВЕАМ ДОДЕКА СТУДИРАМ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?

Студентското сместување се движи од студентски домови до приватни куќи. Институциите вообичаено обезбедуваат информации во врска со сместувањето што им е достапно на нивните студенти и вообичаено имаат канцеларија за прашања во врска со сместувањето. Во поголемиот број случаи, сместувањето го договара канцеларијата за сместување на институцијата. Ако имате дополнителни прашања во врска со ова, директно контактирајте со универзитетот.

Прочитајте корисни информации во врска со сместувањето.

КАКО МОЖАМ ДА ГО ПРОВЕРАМ КВАЛИТЕТОТ НА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА?
ДАЛИ ПОСТОЈАТ СТИПЕНДИИ ШТО МИ СЕ ДОСТАПНИ?

Британскиот совет ги администрира Британските стипендии Чивнинг, кои ги финансира Министерството за надворешни работи и Комонвелт - (FCO), кои се насочени кон потенцијалните студенти што еден ден ќе прераснат во водачи, влијателни луѓе што ќе донесуваат одлуки и ќе го оформуваат јавното мислење во своето поле кога ќе се вратат во Македонија. Овие стипендии се отворени за апликации во есен секоја година, така што проверувајте на Интернет-страницата за крајните рокови, формуларите за апликација и за понатамошни информации. Можете да добиете општи насоки за тоа како да се квалификувате за стипендија.

Постојат и други стипендии за студии во Обединетото Кралство. На следните Интернет-страници можете да најдете повеќе информации за стипендиите и другите извори на финансирање за студиите:

www.britishcouncil.org/learning-funding-your-studies.htm
www.educationuk.org/scholarships
www.prospects.ac.uk

Дополнителни информации во врска со стипендиите имате на нашата Интернет-страница.

ДАЛИ МОЈАТА ДИПЛОМА ОД ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ЌЕ БИДЕ ПРИЗНАТА ВО МАКЕДОНИЈА?

Информативниот центар за нострификација при Министерството за образование во Македонија е местото каде што треба да ги упатите сите прашања во врска со признавањето за странските дипломи, а за повеќе информации проверете ја нивната Интернет-страница.

Ако имате диплома од Обединетото Кралство, треба да добиете апостил (правен термин за сертификат за легализација) за да потврдите дека вашата диплома е оригинал. Постапката за добивање апостил може да ја најдете во Одделот за законодавство во Министерството за надворешни работи и Комонвелт.

ШТО АКО НЕ МОЖАМ ДА ПЛАТАМ ЗА СТУДИИТЕ, НО СЕПАК САКАМ ДА СЕ ЗДОБИЈАМ СО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?
Можете да изберете студирање на далечина, кое стана популарно и е подостапна опција за многу студенти, и многу образовни установи во Обединетото Кралство ја нудат оваа опција заедно со образованието во установата. Целосниот список студии на далечина можете да го најдете на Интернет-страницата www.educationuk.org и да ја изберете оваа опција. Британскиот совет ги администрира програмите за учење на далечина на Универзитетот во Лондон. Повеќе информации можете да најдете на нашата Интернет-адреса.
ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНА ВИЗА ЗА УЧЕЊЕ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?

Да. Потребна ви е студентска виза од Британската амбасада во Скопје, пред вашето пристигнување во Обединетото Кралство.  Ако не сте сигурни во врска со визниот статус или ви се потребни повеќе информации, посетете ја Интернет-страницата https://www.visainfoservices.com/.

ДАЛИ ЌЕ МОЖАМ ДА РАБОТАМ ДОДЕКА СТУДИРАМ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?

Ако доаѓате во Обединетото Кралство како студент во времетраење подолго од шест месеци, можете хонорарно да работите, но не смеете:

да работите повеќе од 20 часа неделно за време на семестарот, освен ако работата не е дел од вашите студии, ако е тоа во согласност со вашата образовна институција и со тоа се здобивате со диплома или квалификации што ги доделува национално овластено тело за спроведување испити во таа област
да водите дејност, да бидете самовработени или да вршите дејност како професионален спортист или забавувач, или
да бидете постојано вработени.

Ако доаѓате во Обединетото Кралство како студент за шест месеци или помалку, мора да барате дозвола од миграцискиот службеник за да работите.

За проверка на вашиот статус и за дополнителни информации, посетете ја Интернет-страницата https://www.visainfoservices.com/

Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People Download Browsealoud