Text only  Print this page |ENGLISH|МАКЕДОНСКИ|SHQIP
British Council Macedonia
Ако размислувате за студии во Обединетото Кралство, Интернет - страницата Образование во Обединетото Кралство ви нуди база на податоци што лесно се пребарува за типовите студии што се нудат (вклучувајќи и англиски јазик, дипломи и постдипломски студии).
Финансирање на вашите студии
Можеме да ви помогнеме да го продолжите вашето образование во Обединетото Кралство преку многубројни стипендии кои нудат покривање на вашите студиски трошоци и трошоците за живеење. Во зависност од вашиот предмет или степен на студии, постојат низа стипендии и награди што ви се достапни, преку нас или организациите во Обединетото Кралство. Не можеме да ви дадеме список, но тука имате неколку предлози за да почнете да пребарувате.
Стипендии Чивнинг во Македонија
Дали сте на возраст под 35 години и веќе имате искуство во избраната област? Оваа престижна награда може да ви помогне да ги пронајдете вашите студии и да ве воведе во глобалниот круг влијателни дипломци. Дознајте повеќе.
 Интернет-портали за стипендии
Можеме да ви помогнеме да ја пронајдете најдобрата стипендија за вашите студии и да ве поврземе со информации за образование надвор преку нашиот избор на Интернет-линкови. Дознајте повеќе.
Специфични стипендии

Дали барате стипендии што ги нудат поединечни институции во Обединетото Кралство? Направивме избор на стипендии што ги нудат универзитетите во Обединетото Кралство, кои би можеле да ви одговараат.  Дознајте повеќе.

 ЧИВНИНГ – ВЕИДЕНФЕЛД СТИПЕНДИИ

Чивнинг – Веиденфелд стипендиите и Програмата за лидерство e програма која нуди стипендии на потенцијални лидери и млади професионалци кои сакаат да студираат на Универзитетот во Оксфорд. Дознајте повеќе.

Учете во Велика Британија
Регистрирајте се на нашите бесплатни електрoнски билтени
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People