Британската Амбасада ја донесува финалната одлука за добитниците на стипендијата Чивнинг. Кандидатите се оценуваат врз основа на академски достигнувања, досегашни достигнувања на академски и професионален план, препораки, лидерски потенцијал, и потенцијал за понатамошно продлабочување на британско-македонските билатерални односи.
Британскиот совет се залага за еднакви можности за сите граѓани на Република Македонија и очекува пријави од сите националности. Сите пријави ќе се оценуваат врз база на критериумите за селекција наведени погоре.
Одлуката на Одборот е конечна и не може да се оспорува. Британскиот совет и Британската Амбасада не се овластени да даваат причини за одлуката донесена од Одборот.
|