Text only  Print this page |ENGLISH|МАКЕДОНСКИ|SHQIP
British Council Macedonia
Students
Често поставувани прашања
EducationUK
Чивнинг електронски систем
Чивнинг електронски систем: упатство
Финансирање на вашите студии
Стипендија Чивнинг
Чивнинг – Веиденфелд стипендии
Интернет-портали за стипендии
Специфични стипендии
Стипендии Чивнинг во Македонија
Престижна програма за финансирање на постдипломските студии во Обединетото Кралство

Пријавувањето за стипендиите Чивнинг за академската 2012/13 година е завршено. Ќе ги контактираме само кандидатите кои ќе го поминат првиот круг на селекција.

Програмата за стипендии Чивнинг е престижна програма која ги финансира меѓународните студенти кои сакаат да студираат во Обединетото Кралство. Финансирана е од Министерството за надворешни работи и Комонвелтот и администрирана од Британскиот совет.

Приоритетни области

Стипендиите Чивнинг се насочени кон повеќе области и дисциплини кои можат да претрпат промени секоја година

политички науки, влада и меѓународни односи;
јавна администрација и социјална политика;
банкарство, финансии и економија;
бизнис и менаџмент (освен МБА);
социјални науки (вклучувајќи и човечки права);
меѓународна безбедност и одбрана;
правда и внатрешни работи.
Што покрива стипендијата Чивнинг

Стипендијата ги покрива едногодишните постдипломски студии само во Обединетото Кралство и плус:

гратис студентска виза;
академскита трошоци;
месечен надомест за покривање на трошоците за живеење;
надомест за пристигнување и заминување од земјата за помош при патувањето;
надомест за книги и облека;
патни трошоци до Обединетото Кралство и назад.

Забелешка: Стипендијата Чивнинг не покрива додипломски и докторски студии.

Критериуми за селекција

Чивнинг стипендијата е престижна. Успешниот кандидат треба:

да е дипломиран студент кој може да го потврди својот академски успех и да има најмалку 3 годишно работно искуство во избраната област;
да покаже волја дека ќе се врати во Македонија и ќе даде свој придонес во социоекономскиот развој на земјата, преку користење на стекнатите вештини и знаења од Обединетото Кралство;
да покаже интерес за добро владеење, како и за политички, дипломатски и комерцијални интереси на Македонија;
да покаже дека поседува лични квалитети, дека ќе има бенефит од стипендијата и ќе биде успешен во одбраната област;
да покаже дека има јасна визија како стекнатото знаење ќе и користи на Македонија по неговото враќање и да покаже дека е способен да се издигне на повисоки и влијателни позиции во приватниот или државниот сектор;
добро да го познава англискиот јазик (минимум оценка 6.5 на ИЕЛТС) за прием на постдипломски студии во Обединетото Кралство. За повеќе информации за ИЕЛТС тестот, посетете ја нашата веб страница;
да е државјанин на Република Македонија со постојан престој во Р. Македонија.
Информации за пријавување
Пријавувањето се врши САМО по електронски пат преку новиот електронски систем. Прочитајте го упатството кое ќе ви помогне да ја пополните пријавата.
Кандидатите кои го немаат положено ИЕЛТС тестот треба во пријавата да внесат n/a или TBC (дополнително ќе се потврди);
Во пријавата треба да наведете контакт податоци од лицата кои ќе ви дадат препораки. Тоа се лица со кои работите на професионален план и професори од факултетот на кој сте го завршиле вашето образование;
Во пријавата се бара да ги наведете и областите (курсевите) и институциите во кои сакате да студирате. На сите кандидати им се препорачува да конкурираат на наведените институции пред да ја добијат стипендијата бидејќи местата за попрестижните курсеви се пополнуваат прилично брзо. Повеќе информации за курсеви и институции може да најдете на EducationUK;
Медицинска потврда ќе се бара од кандидатите кои успешно ќе ја поминат селекцијата;
Нецелосните и задоцнетите апликации нема да се земат предвид;
Кандидатите кои ќе ја поминат првата селекција ќе бидат повикани да го полагаат ИЕЛТС тестот на 14 јануари 2012 год, во организација на Британскиот совет;
Кандидатите кои ќе ја поминат селекцијата ќе бидат повикани на интервју. Датумите дополнително ќе бидат објавени.

Целата релевантна документација (1 слика, уверение за положени испити и диплома -преведени на англиски со печат од судски преведувач и 2 препораки - на англиски или преведени од судски преведувач), ќе биде побарана само од успешните кандидати во подоцнежна фаза. Затоа не поднесувајте друга документација во периодот на пријавување.

Интервју

Британската Амбасада ја донесува финалната одлука за добитниците на стипендијата Чивнинг. Кандидатите се оценуваат врз основа на академски достигнувања, досегашни достигнувања на академски и професионален план, препораки, лидерски потенцијал, и потенцијал за понатамошно продлабочување на британско-македонските билатерални односи.

Британскиот совет се залага за еднакви можности за сите граѓани на Република Македонија и очекува пријави од сите националности. Сите пријави ќе се оценуваат врз база на критериумите за селекција наведени погоре.

Одлуката на Одборот е конечна и не може да се оспорува. Британскиот совет и Британската Амбасада не се овластени  да даваат причини за одлуката донесена од Одборот.  

Дополнителни информации
За дополнителни информации, посетете ја Oфицијалната страница на Чивнинг на Фејсбук, блогот за Чивнинг разговори, и ревидираната информативна страница на Стипендијата Чивнинг на страницата на Министерството за надворешни работи или контактирајте со нас (chevening@britishcouncil.org.mk).
Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People