|
Може да ви издадеме купон за испит на Кембриџ по ваш избор или испит IELTS, којшто важи за неколку уписни периоди.
Купонот може да го нарачате: - лично на бул. Гоце Делчев 6, п.ф. 562, 1000 Скопје - на телефон +389(0)2 3135 035 локал 2110 или - преку е-пошта.
Наведете го името на примачот на купонот и видот на испитот што сте го избрале. Може да платите на нашата банкарска сметка 300000001838574 во Комерцијална банка.
Кога ќе добиеме доказ за вашата уплата, ќе издадеме купон и ќе го испратиме по пошта или ќе уредиме да го подигнете од нашата канцеларија.
|