Text only  Print this page |ENGLISH|МАКЕДОНСКИ|SHQIP
British Council Macedonia
Регистрирајте се на нашите бесплатни електрoнски билтени
Креативна соработка

„Креативна соработка“ беше тригодишен проект кој се реализираше во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и соседните земји. Проектот имаше за цел - градење мрежи на влијание за Обединетото Кралство, градење меѓукултурен дијалог и прекугранична креативна соработка и промовирање на квалитетот на уметноста и образованието од Обединетото Кралство во ЈИЕ.

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ
Проектот генерираше резултати преку три производни линии – фонд, вмрежување и работилници за соработка:

Фонд за соработка - продукции на уметници од три или повеќе земји за изнаоѓање решенија за мобилноста на уметноста и уметниците од регионот.

Македонија беше вклучена во три проекти:
- Успешна уметност во современа средина
- Културно лоби
- Word Express.

Дознајте повеќе за другите успешни проекти финансирани од Фондот за соработка.

Вмрежување – градење и одржување мрежи за дијалог и дебата во рамките на уметничките заедници во Југоисточна Европа и Обединетото Кралство; вмрежувањето започна во Истанбул и го поддржа својот развој во наредните фази од проектот „Креативна соработка“.

Простор – креативната соработка се одвиваше преку настани на отворен простор во неколку градови во регионот на Југоисточна Еврпопа:

1) ноември 2007 година – Истанбул (Турција)
Македонија беше претставена од три делегати: Искра Гешоска (Културен центар „Точка“), Билјана Тануровска (Центар за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“) и Гордана Вренцоска (Европски универзитет во Македонија). Фокусот на оваа средба беше користење на технологијата „отворен простор“.

2) мај 2008 година – Букурешт (Романија)
Нашите делегати на средбата, Бојан Каранаков и Александар Радевски, помлади професори од Факултетот за архитектура во Скопје, учествуваа во дискусијата на тема „Кој го обликува градот и за кого?“ Централни теми на оваа средба беа прашања во врска со урбанизмот и урбаниот живот.

3) мај 2008 година – Атина (Грција)
Д-р Антоанела Петковска и Константин Миноски, професори по социологија од Факултетот за социологија, учествуваа во дискусијата за темата „Вклучување на уметноста и културата во нашите општества“. Како резултат на оваа отворена средба, произлегоа неколку проектни идеи.

Меѓународна организација на Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Регистрирана добротворна организација: 209191 (Англија и Велс), SC037733 (Шкотска).
Нашите изјави за приватност и авторски права. Слобода на информации.
Со двоен клик се појавува речник.
 Positive About Disabled People